Турција: Израел го влече регионот во катастрофа со нападите врз Иран

by Fokus

Турскиот министер за надворешни работи – Хакан Фидан им рече на своите колеги од муслиманските земји дека Израел „го влече регионот во целосна катастрофа“ со нападите врз Иран.

Тој додаде дека светските сили мора да спречат војната да се претвори во поширок конфликт, објави Ројтерс.

Зборувајќи на состанокот на министрите за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка во Истанбул, Фидан ги повика муслиманските земји да застанат на страната на Иран против Израел и рече дека регионот има „проблем со Израел“ по нападите врз Газа и нападите врз Либан, Сирија, Јемен и Иран.

 

Поврзани новости