184
Откако минатата година Турција ги суспендира трговските односи со Израел, денеска објави дека ги затвора своите пристаништа за израелски бродови, а воздушниот простор за израелски воени и други државни авиони.
Оваа одлука на Анкара претставува најрадикален потег на една држава кон Тел Авив од почетокот на војната во Појасот Газа.
Според турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, ова е одговор на постапките на Израел во Газа.
-Ги затворивме нашите пристаништа за израелски бродови и не дозволуваме израелски авиони да влезат во нашиот воздушен простор – рече тој.
Сепак, затворањето на воздушниот простор не се однесува на комерцијалните израелски авиони што летаат над Турција, иако директните летови меѓу двете земји веќе се суспендирани.