Еден активен пожар и 8 под контрола

by vlatko 22:23
22:23

Од евидентирани 9 пожари денеска, до 20:30 часот еден е активен, а 8 се ставени под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активен е пожар на отворен простор, во општина Кавадарци, во близина на Тиквешкото езеро каде гори нискостеблеста шума и трева.

Под контрола се пожарите во подрачјето на Јасен каде гореше мешана шума, во Гевгелија на планината Кожуф, во Желино кај селата Мерово и Церово, во Врапчиште помеѓу селата Добри Дол и Врапчиште, во Долени кај село Долгаец, во Сарај кај село Копаница и во Битола во местото Ергела.

Слични вести