Ако има ново вето од Бугарија, да ги прекинеме преговорите, вели Филипче

by vlatko 21:49
21:49

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека Владата води неискрена политика во однос на европските интеграции и свесно го пролонгира процесот без визија и без храброст.

-Сметам дека повикот за консензус на таа тема не е искрен целосно од страна на власта. Сметам дека нема никаква намера да се направи чекор напред кон евроинтеграциите – рече тој.

Филипче потсети дека францускиот предлог беше прифатен во отсуство на подобра опција, со јасна перцепција дека тоа е единствениот реален пат.

-Тоа што ние сме го прифатиле францускиот предлог е затоа што таков предлог дојде спремен од Европската Унија и ни беше јасно дека друга шанса нема да имаме – рече Филипче.

Тој потсети дека и ВМРО-ДПМНЕ во критиките и во ветувањата знае дека „друга опција нема“, а токму на тоа, како што рече, ја добија и довербата лани.

Филипче истакна дека СДСМ дава бланко поддршка ако издејствуваат подобри услови. Но, откако тие услови не доаѓаат, предупреди дека не смее државата бесцелно да чека. Наместо тоа, СДСМ предлага конкретен механизам за заштита на државните интереси.

-Ајде тогаш да донесеме заедничка резолуција наша во Собранието, во која ќе ги кажеме нашите црвени линии. Еве ако тоа се случи ново вето, да ги прекинеме преговорите со ЕУ – предлага Филипче.

Слични вести