Цврсти позиции на Софија: Нема попуштање за Македонија пред притисокот од Брисел

by irena 12:46
12:46

И покрај засилениот дипломатски притисок од институциите на Европската Унија, Софија останува цврсто закопана на своите позиции и нема намера да направи какви било отстапки кон Македонија.

Во бугарскиот политички и аналитички етер сè погласно се истакнува дека прашањето за Македонија е единствената точка каде што постои апсолутно единство меѓу сите партии, без оглед на нивните длабоки внатрешни поделби.

Во јавните дебати во Бугарија отворено се признава дека Брисел врши огромен притисок за деблокада и омекнување на бугарските услови, но пораката од Софија е дека државата мора да му се спротивстави на таквиот европски курс.

„Не треба да се лажеме дека притисокот од Европа во моментов е многу голем. Европа бара од Бугарија да направи отстапка, но Бугарија тука мора да издржи. Ова е едно од ретките прашања каде што бугарските политички партии се потполно единствени“, беше посочено во бугарските медиуми.

Според бугарските ставови, преговарачката рамка и барањата кон Скопје – пред сè впишувањето на Бугарите во Уставот и безусловното прифаќање на заклучоците од мешовитата историска комисија – се третираат како веќе дефинирана „општоевропска позиција“ од која нема враќање назад.

Бугарските аналитичари порачуваат дека каков било компромис под надворешен притисок би значел предавство на сопствените национални интереси, па затоа земјата ќе продолжи цврсто да инсистира Скопје да ги исполни сите поставени услови пред да добие зелено светло за понатамошен напредок

Слични вести