Црн чад на депонија во Маџари – се горат кабли

by irena 18:38
18:38

Попладнево избувна пожар на депонија во скопската населба Маџари, а густ чад беше видлив од повеќе делови на градот.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека општинските инспектори веднаш излегоа на терен и случајот е пријавен во Противпожарната бригада на Град Скопје.

Пожарникарите работат на гасење на огнот.

Центарот за управување со кризи информираше дека во населбата Маџари, кај црквата зад пругите, пријавено е дека лице гори кабли при што се создава густиот црн чад.

Слични вести