ЦИА: Нуклеарните објекти на Иран се сериозно оштетени

by valentina 09:22
09:22

Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, вели дека агенцијата добила „комплет на веродостојни докази (кои) укажуваат дека нуклеарната програма на Иран е сериозно оштетена од неодамнешните насочени напади“.

„Ова вклучува нови разузнавачки информации од историски сигурен извор/метод дека неколку клучни ирански нуклеарни објекти биле уништени и дека ќе им требаат години за да се обноват“, вели Ратклиф во вчерашното соопштение кое го пренесуваат светските агенции.

Тој додава дека ЦИА ќе продолжи да собира дополнителни информации од сигурни извори за целосно информирање на лицата и надзорните тела кои донесуваат одлуки и дека навремено ќе споделува информации со јавноста.

Слични вести