Тројца беровчани претепале сограѓанин пред казино во Берово

by jadranka 18:25
18:25

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Берово поднесе кривична пријава против Т.С. (43), Д.Р. (34) и В.Р. (37), сите од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Инцидентот се случил на 14 февруари 2026 година пред казино во Берово, кога пријавените физички го нападнале С.В. од истиот град, при што му нанеле повреди. Најавено е дека случајот ќе продолжи со правна постапка пред надлежните органи.

Слични вести