Aмериканскиoт претседател Доналд Трамп изјави дека во рок од 24 часа ќе има појасна слика за бројот на жртви во Иран, по ескалацијата на насилството и репресијата во земјата.
„Никој не може да ми даде точна бројка. Секоја бројка е преголема – дури и еден е премногу. Веројатно ќе знаеме во следните 24 часа. Мислам дека станува збор за голем број“, изјави Трамп.
Во меѓувреме, неофицијалните информации што циркулираат се алармантни.
Извор од Иран кој успеал да воспостави контакт со надворешниот свет за CBS News тврди дека активистички групи собираат консолидирана листа на загинати врз основа на податоци од медицински работници низ целата земја.
Според нивните проценки, бројот на загинати веќе надминал 12.000 лица и би можел да достигне и до 20.000.
Доколку овие бројки бидат потврдени, тогаш, според соговорниците, веќе не станува збор за „задушување на протести“, туку за масовни убиства на национално ниво.