Во изминатите неколку часа, повеќе земји, вклучувајќи ги САД и Јапонија, издадоа предупредувања за цунами и наредби за евакуација откако земјотрес со јачина од 8,8 степени го погоди брегот на Русија.
Тоа е еден од најсилните земјотреси некогаш регистрирани.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалните мрежи.
„Поради разорниот земјотрес што го погоди Тихиот Океан, предупредување за цунами е во сила за сите жители на Хаваи.
Предупредување за цунами е издадено за Алјаска и тихоокеанскиот брег на Соединетите Американски Држави, додека се очекува бранови да го погодат и јапонскиот брег.
За најнови информации, посетете ја официјалната страница за предупредување за цунами: tsunami.gov
ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И СЛЕДЕТЕ ГИ УПАТСТВАТА НА ВЛАСТИТЕ“, напиша Трамп на „X“.