Трамп: Не сакам да видам прекин на огнот меѓу Иран и Израел, сакам да видам „вистински крај“

by Fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се стреми кон „вистински крај“ на конфликтот меѓу Израел и Иран, а не само кон прекин на огнот, објави агенцијата Франс Прес.

Трамп им рече на новинарите кратко по враќањето во САД од самитот на Г7 во Канада: „Не барам прекин на огнот, барам нешто подобро од прекин на огнот“ додавајќи дека сака „целосно предавање“ на Иран.

Трамп, исто така, напиша на својата мрежа Truth Social дека не му се обратил на Иран за мировни разговори на никаков „начин, облик или форма“, додавајќи дека земјата „требаше да го прифати договорот што беше на маса“.

Поврзани новости