Трамп: Крајниот рок за постигнување договор со Иран во вторник е конечен

by irena 17:49
17:49

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека крајниот рок од утре, до 20:00 часот по источноамериканско време, што го постави за Иран да постигне мировен договор, е конечен.

Зборувајќи пред Белата куќа, Трамп рече дека предлогот на Иран за постигнување мир е значаен, но не доволно добар, објави Ројтерс.

Порано денес, Техеран ја отфрли можноста за прекин на огнот и ја нагласи потребата од „траен крај на војната, почитувајќи ги ставовите на Иран“ во својот одговор на предлогот на Соединетите Американски Држави за прекин на војната доставена до Пакистан.

Слични вести