174
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје за да ги реши своите проблеми иако еврејската држава никогаш не признала дека поседува такво смртоносно оружје, пренесе ДПА.
На новинарско прашање за коментарот на советникот на Трамп, Дејвид Сакс, даден во поткаст, во кој тој шпекулира дека Израел може да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје, Трамп рече: „Израел не би го направил тоа. Израел никогаш не би го направил тоа“.
Според процените на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), Израел поседува 90 нуклеарни бојни глави.