154
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови.
-Ќе ги удираме многу силно во текот на следната недела – изјави денеска Трамп за Fox News Radio, додавајќи дека уништиле поголем дел од нивните ракети.
Трамп исто така рече дека кредибилитетот на новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ставен на тест по заканите од Техеран.
-Многу зборуваа, па сега тој ќе мора да се докаже – рече Трамп, мислејќи на изјавите на иранските официјални лица.