Трамп: Американската војска повторно нападна брод што шверцува дрога од Венецуела

by irena 08:21
08:21

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека американската војска повторно нападнала брод што транспортира дрога од Венецуела и убила три лица на него.

„Нападот се случил додека овие потврдени наркотерористи од Венецуела биле во меѓународни води транспортирајќи нелегални дроги (смртоносно оружје што ги труе Американците!) во правец на САД“, напиша Трамп на својата мрежа True Social и додаде: „Овие екстремно насилни картели за трговија со дрога се закана за американската национална безбедност, надворешната политика и виталните интереси на САД“.

Трамп вели дека нападот е извршен денес. Сличен е извршен пред две недели и во таа пригода биле убиени 11 лица.

САД го оправдаа претходниот напад како неопходна ескалација насочена кон запирање на протокот на дрога во САД.

Сепак, неколку американски сенатори, демократи и некои републиканци, изразија незадоволство од образложението на администрацијата и ја доведоа во прашање легалноста на акцијата.

Тие го сметаат тоа за пречекорување на извршните овластувања, делумно поради употребата на војската за спроведување на законот.

Слични вести