Израелска армија: Досега евакуирани повеќе од 350.000 Палестинци од градот Газа

by irena 08:25
08:25

Повеќе од 350.000 Палестинци досега се евакуирани од градот Газа во други делови од Појасот, објави израелската армија (ИДФ).

Се проценува дека илјадници луѓе го напуштиле градот преку ноќ поради силниот бран воздушни напади, изјави извор од одбраната, објави „Тајмс оф Израел“.

Изворот, исто така, рече дека бројот на палестински цивили кои бегаат од градот Газа веројатно ќе се зголеми како што напредува копнената офанзива на ИДФ против Хамас.

Се проценува дека еден милион Палестинци живееле во градот Газа пред ИДФ да започне со подготовките за офанзивата.

Минатата недела, ИДФ им нареди на Палестинците во сите делови од градот Газа да се евакуираат пред офанзивата.

На цивилите им беше наредено да се упатат кон хуманитарната зона одредена од Израел на југот од Појасот.

Палестинските медиуми објавија дека армијата извршила интензивни воздушни напади во градот Газа во текот на ноќта.

Слични вести