Тошковски: МВР делува неселективно и еднакво кон сите навивачки групи

by irena 16:54
16:54

На денешните пратенички прашања министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во одговор на прашање поврзано со националистичките навреди на навивачките групи за време на спортските натпревари, оцени дека доколку изминатите години било постапувано неселективно од страна на сите институции што имаат надлежност да констатираат и да реагираат соодветно на ваков тип предизвици денеска немаше да сведочиме на повици за меѓуетничка омраза и насилство.

– Гадно е чувството кога гледате спортски натпревар и една навивачка група кога навредува еден етникум во Македонија и обратно, кога друга навивачка група навредува, колне, пцуе, плука и така натаму, но, навистина, многу ми е криво што изминативе 20 и повеќе години додека сте партиципирале во власта не сте сториле апсолутно ништо за денеска, повторно да го имаме она што не сакаме да го гледаме ниту слушаме, а се случува, рече Тошковски.

Пратеничката од редовите на ДУИ, Дијана Тоска, се обрати до министерот Тошковски во врска со, како што рече, повикувањето на омраза и насилството на фудбалските натпревари, посочувајќи на неодамнешен инцидент помеѓу навивачките групи на ФК Вардар и ФК Башкими, каде, според неа, биле упатувани анти-албански повици, а Федерацијата изрекла казна за ФК Вардар – играње натпревар без публика.

Тошковски нагласи дека МВР делувало неселективно еднакво спрема сите етникуми и навивачки групи, и дека кривична постапка е поведувана против секој за кого биле обезбедени докази. Тој ја повика пратеничката од ДУИ да зазема еднаков став спрема сите етникуми и навивачки групи, а не, како што рече, да биде само во одбрана на Албанците.

Слични вести