Топло време со температура до 38 степени

by Фокус

Управата за хидрометеоролошки работи за денес прогнозира многу топло време со максимална температура од 38 степени. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот од 26 до 38 степени.

„Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи“, прогноизираат од УХМР.

Поврзани новости