Точеле алкохол на малолетници, па бришеле снимки за да се скријат

by irena 21:16
21:16

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе, Б.К.(34) – одговорно лице во правното лице и С.С.(21), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“.

Пријавата е поднесена и против А.П.(37) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

Како што информираат од МВР, на 12. април минатата година во периодот од 20:00 до 23:00 часот во угостителски објект во Свети Николе, второпријавениот со пропуштање на должен надзор овозможил и дозволил да се врши точење на алкохол на деца, а третопријавениот С.С., вработен како келнер, со алкохол послужил тројца малолетници.

Додека, четврто пријавениот, на 13.04.2025 ги избришал снимките од видео надзорот во угостителскиот објект.

Слични вести