Тлото во регионот не мирува, послаби земјотреси имаше во текот на ноќта

by irena 09:16
09:16

По синоќешниот земјотрес со магнитуда од 4.6 степени со епицентар на Косово, кој силно беше почувствуван и во земјава, сеизмичката активност во поширокиот регион продолжи и во текот на ноќта.

Регистрирани се повеќе послаби земјотреси во Турција и Грција.

Во 06:37 часот е регистриран земјотрес со магнитуда од 2.0 степени во западна Турција, а претходно, во 06:25 часот, земјотрес со магнитуда од 2.8 степени бил регистриран во Грција.

Во 06:21 часот следел земјотрес од 2.3 степени во источна Турција.

Во 04:24 часот, регистриран е земјотрес со магнитуда од 2.8 степени на Крит, Грција, а во 03:28 часот уште еден послаб земјотрес од 1.4 степени во западна Турција.

Земјотресите се со ниска магнитуда, но укажуваат дека регионот и натаму е сеизмички активен.

Слични вести