109
Жител на тетовско село (23) е приведен откако е пријавен дека физички нападна малолетник.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, синоќа во 21:00 часот во Полициската станица Тетово, С.К.(42) од селото Селце пријавил дека во близина на локалното училиште неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од С.С.(23).
По преземените мерки, само дваесет минути по пријавата, полициски службеници од СВР Тетово го привеле осомничениот, кој е задржан во полициска станица.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.