Tesla со пад од 40,5% во продажбата на електрични возила во ЕУ споредбено со лани

by irena 18:21
18:21

Tesla продаде 8.729 електрични возила низ Европската Унија минатиот месец, што е намалување од 40,5 проценти во однос на 14.682 во истиот период минатата година, соопшти денес Европската асоцијација на производители на автомобили. Падот го намали пазарниот удел на Tesla во ЕУ од 1,6 проценти на 0,9 проценти, објави Гардијан.

Оваа година акциите на Tesla паѓаат низ цела Европа, за што се обвинуваат политичките активности на нејзиниот извршен директор, Елон Маск, застарената гама на модели на компанијата и конкуренцијата од конкурентите како што е кинескиот BYD.

Слични вести