Тешка сообраќајна несреќа, на тротоар прегазени мајка и ќерка во Србија – синот се бори за живот

by irena 11:22
11:22

Во текот на вечерните часови, во српската општина Сјеница се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица го загубија животот, а уште еден живот е загрозен.

Локалните медиуми пренесуваат дека во несреќата загинаа мајка (44) и ќерка (12), а синот (9), беше тешко повредено и лекарите се борат за неговиот живот во болницата во Ужице.

„Ги слушнавме брзата помош и сирените кои не застанаа, знаевме дека се случило нешто лошо. Ова е навистина трагедија“, додава очевидец на несреќата.

Тешката несреќа се случила кога возачот на автомобил марка „шкода“ ја изгубил контролата и излетал од патот на тротоарот, по кој во тој момент одела мајката со двете деца.

Возачот А.К. веднаш застанал на местото на несреќата и бил однесен во полициската станица.

Повредената жена била вработена во Полициската управа на Нови Пазар и во текот на работата била ангажирана на промоција на бавно и безбедно возење, со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи на минимум.

По повод оваа трагедија, во Сјеница беа прогласени три дена жалост.

Слични вести