Тешка сообраќајка во Охрид

by irena 09:24
09:24

Тешка сообраќајка синоќа го потресе Охрид – возило марка „голф“ излетало од коловозот на булеварот „Туристичка“, влегло во пешачка зона кај Гимназијата и удрило во ограда, пренесуваат локалните медиуми.

Неофицијално, во инцидентот потешко се повредени неколку пешаци кои се нашле на местото во моментот на несреќата.

Засега не се соопштува нивната здравствена состојба, ниту точните околности под кои дошло до несреќата.

Надлежните служби извршија увид на лице место, а повеќе детали се очекуваат за денеска.

Слични вести