Таткото на загинатата Фросина: Се надевам дека Апелациониот суд нема да подлегне на сите мафијашки игри и притисоци

by valentina 11:10
11:10

Таткото на загинатата Фросина Кулакова се огласи Фејсбук откако вчера Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти неговата ќерка, беше спроведен во скопскиот Апелационен суд по првостепена пресуда за недозволена трговија со наркотични средства.

– Штом бара еве вака треба да изгледа правдата која Васо ја повикува, па да го стигне: 4 години затворска казна за трговија со дрога и за најдрското лажење на Апелацискиот суд односно треба да ја добие највисоката казна бидејќи не што нема ни покајание, ами плус и најдолно бесрамно и без трошка совест – манипулативно однесување кон Судот. Заедно со адвокатите и мајка му и татко му треба да одговараат за организиран криминал за доведување на судот во заблуда исто така со долгогодишна казна. 20 години казна за убиството на Фросинче… Да веруваме дека Апелациониот суд нема да подлегне на сите мафијашки игри и притисоци, напиша таткото на Фросина.

Според обвинението во овој случај, Јованов се товари дека бил вмешан во дистрибуција на дрога, кривично дело, за кое беше осуден на воспитна мерка како постар малолетник, а потоа, Апелација му ја зголеми казната на 3 години и 10 месеци.

Случајот заврши пред Врховниот суд кој ја укина второстепената пресуда поради тоа што не се одржала јавна седница, а Јованов немал можност да се брани. Претходно, Јованов доби 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина на пешачки премин на „Партизанска“.

Слични вести