176
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се фокусира на постигнување мир во Украина, а не да биде посредник во преговорите меѓу Иран и Израел.
Тој го изјави ова откако американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека Путин може да игра посредничка улога во израелско-иранскиот конфликт.
„Путин како посредник на Блискиот Исток? Тој треба да размисли за воспоставување мир во Украина“, рече Тајани, отфрлајќи го предлогот.
Министерот за надворешни работи на Италија уште еднаш го нагласи ставот на Рим дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, објавува порталот „Ла специјале“.