Светската кошаркарска федерација отвори истрага за инцидентот во Куманово

by irena 14:51
14:51

Федерацијата жестоко го осуди говорот на омраза и дискриминаторскиот или расистички јазик од каков било облик.

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) остро го осуди инцидентот со навредливите скандирања на натпреварот меѓу Македонија и Романија кој се одигра во саботата во Куманово. Дополнително, од Федерацијата информираат дека инцидентот е предмет на истрага од нивна страна.

„Во оваа фаза собираме релевантни извештаи и изјави во тесна соработка со вклучените национални федерации, како и со локалните власти и органите за спроведување на законот“, соопшти ФИБА.

Навредливите скандирања на кошаркарскиот меч претходно наидоа на осуда од политичките партии и државниот врв во земјава, како и од македонската кошаркарска федерација и Општина Куманово на чија територија се одигра натпреварот. Полицијата и обвинителството, пак, информираа дека ги испитуваат околностите околу инцидентот.

Слични вести