Светот би можел да биде погоден од нуклеарна катастрофа за само неколку недели

by Fokus

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје во рок од „неколку недели“, соопшти Белата куќа, додека американскиот претседател Доналд Трамп дебатира дали да преземе воена акција против земјата.

„Иран има сè што му е потребно за да добие нуклеарно оружје. Сè што им треба е одлука на врховен лидер да го сторат тоа, а ќе бидат потребни неколку недели за да се заврши производството на тоа оружје“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, за новинарите.

На прес-конференцијата, Левит, пренесе директна порака од претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Знам дека имаше многу шпекулации… за донесувањето одлуки од страна на претседателот и дали САД ќе се вклучат“, рече Левит.

Левит рече дека Трамп ќе донесе одлука дали да нареди напад во следните две недели.

Поврзани новости