Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели, ФБИ смета дека е терористички чин

by irena 09:08
09:08

Шест лица беа повредени, а една жена се здоби со тешки изгореници во напад на мирен митинг за поддршка на израелските заложници во Газа, што се одржа вчера во центарот на Боулдер, во сојузната американска држава Колорадо.

Напаѓачот, 45-годишниот Мохамед Сабри Солиман, извикувал „Слобода за Палестина“ додека фрлал запаливи направи кон толпата.

ФБИ го третира инцидентот како терористички напад.

„Тие се убијци!“ извикувал напаѓачот додека палел луѓе

Нападот се случил во популарната пешачка зона на улицата Перл, четири градски блока во срцето на Болдер. Собраните учествуваа на неделната прошетка за поддршка на израелските заложници, организирана од волонтерската група „Трчај за нивните животи“.

Меѓу ранетите има и постари лица – на возраст од 67 до 88 години. Некои се здобиле со полесни повреди, додека други се здобиле со тешки изгореници.

Слични вести