Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски денеска изјави дека по локалните избори ќе се знае каква акција ќе се преземе за прочистување на судско-обвинителскиот систем.
Вели дека судиите со два процента рејтинг треба да си заминат дома.
– Да почекаме да завршат локалните избори и ќе видите какви чекори ќе преземеме. Со два проценти рејтинг треба да си заминат дома, а не да бараат повисоки плати и повисок буџет. Не се сите такви, да се разбереме, таму има неколкумина измеќари кои го контаминираат целото обвинителство и судство. Кога јас би имал два проценти рејтинг би си заминал, нема да се занимавам со ова што се занимавам, кажа Мицкоски.
Претходно тој во повеќе наврати најави дека ќе се спроведе решителна акција по локалните избори за прочистување на судско-обвинителскиот систем.