Иницијативата „Стоп за Вардариште“ утрово тргнаа да го посетат Вардариште, а според најавите на посетата треба да се приклучи и в.д. градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митевски.
Вчера тие јавно ги повикуваа и надлежните на останатите институции до кои, како што велат се имаат обратено да им се приклучат и заедно да го посетат Вардариште и да им ги презентираат конкретните мерки кои ќе бидат преземени веднаш, а не пo локалните избори.
– Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште. Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување на Вардариште. Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на територијата на Вардариште. Поставување на ограда околу Вардариште. Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште. Откривање и казнување на потпалувачите и организаторите на пожарите. Ригорозни мерки против граѓани и правни субјекти кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште, се дел од барањата на иницијативата.