Напад врз Ростов; 9.000 луѓе се без електрична енергија

by irena 08:36
08:36

Војна во Украина – 1312. ден.

Украински беспилотни летала извршија напади во областите Тарасовски, Милеровски, Миљутински, Кашарски, Каменски и Красносулински во Ростовската област, објави регионалниот гувернер Јуриј Сљусар.

Како резултат на ноќниот напад на руски беспилотни летала во Запорожје, 9.000 луѓе останаа без електрична енергија, но снабдувањето беше нормализирано до утрото за 95 проценти од нив, објавија украинските власти.

„Во 4 часот наутро, повеќе од 95 проценти од претплатниците беа обновени. Благодарност до нашите енергетски работници за нивната брза работа“, според објавата на Телеграм од началникот на Воената администрација на Запорожје, Иван Федоров, пренесува Укринформ.

Тој додаде дека во текот на изминатиот ден, руските сили извршиле 519 напади врз 11 населени места во Запорожјето.

Според соопштението, едно лице е повредено во нападот врз Полохивската област. Имало 30 пријави за штети на куќи, опрема и инфраструктура.

Слични вести