Екс капитенот и поранешен член на стручниот штаб на ракометниот клуб Вардар – Стојанче Стоилов од следната сезона ќе биде тренер на РК Бутел. Тој на оваа позиција ќе го наследи Горан Кузманоски.
Во својата прва изјава како тренер на Бутел, Стоилов се спротивстави на прекумерното ангажирање странски ракометари во домашното првенство.
„Ситуацијата е чиста – имаме четири финансиски помоќни клубови, но за да имаме силна репрезентација, другите екипи мора да се посветат на македонските млади играчи, а не да купуваат странци. Бутел веќе има костур, а мојата идеја е да го надополнам ростерот со млади момци од други средини за кои верувам дека можат да станат големи играчи“, рече Стоилов.
Вели амбициите на клубот остануваат високи – пласман во плеј-офот.