Стефковски влегува во трката за градоначалник на Скопје

by Fokus

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски потврди дека неговото име е дел од имињата на потенцијалните кандидати за градоначалник на Град Скопје за кои партијата ВМРО-ДПМНЕ спроведува анкети.

– ВМРО-ДПМНЕ спроведува еден транспарентен и демократски процес на номинирање на можните кандидати за градоначалници и советници за престојните локални избори.

Името на кандидатот за градоначалник на Скопје ќе се знае на почетокот од месец јули. Она што сакам да го потврдам дека моето име е дел од имињата кои ќе одат на анкети за градоначалник на Град Скопје.

За мене тоа претставува ччест и е резултат на посветената работа и реализацијата на голем број проекти кои ги реализиравме изминатите четири години. Она што сакам со сигурност да го кажам е дека идниот градоначалник на Град Скопје ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и секако кој и да е ќе ја добие нашата поддршка и поддршката од Скопјани бидејќи Скопје заслужува сериозен развој и лик на европска метропола – изјави Стефковски после увидот на градежните работи за изградба на новото општинско основно училиште Крсте Мисирков во н. Ченто.

Поврзани новости