Стартуваше „Арена спорт Македонија“ – три канали спортски содржини со коментар на македонски јазик

by jadranka 11:11
11:11

Со почетниот натпревар Мексико – Јужна Африка и со церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал што во САД, Канада и Мексико, што почна синоќа и официјално стартуваа трите спортски канали на Арена групацијата кои ќе емитуваат содржини на македонски јазик. „Арена спорт  Македонија“ веќе ја има во програмската понуда на најголемите оператори во државава – Телеком, А1, Телекабел преку тери телевизиски канали – Арена М1 премиум, Арена М2 премиум и Арена М3 премиум, кои ќе се емитуваат на на местото на досегашните три премиум канали што се реемитуваа во Македонија. Останатите „Арена спорт“ канали остануваат во етерот како и досега.

Уште викендов, како што информира главниот и одговорен уредник на овој медиумски проект, долгогодишниот спортски новинар Тони Стојановски, предвидени се 15-тина преноси со различни спортски содржини – доминантно Светско превенство во фудбал, но и Формула 1, кошарка,  ракомет, одбојка. А, во иднина ќе се емитуваат сите најтрактивни спортски натпреварувања за кои „Арена спорт“ ги има откупено ексклузивните права – од англиското, шпанското, германското, италијанското и неколку други европски фдубалски натпреварувања, потоа Лигата на шампиони на УЕФА, НБА кошарка, светските и европските првенства и елитните натпреварувања во други спортови. Истовремено, се најавува и покривање  на македонскиот спорт воопшто, особено настапите на фудбалската репрезентација, најголемите ракометни и одбојкарски настани, но и домашните првенства во повеќе спортови. Што, се очекува да придонесе и за негова натамошна популаризација.

Инаку, „Арена спорт Македонија“ е дел од регионалната телевизија „Арена спорт“ која што емитува програма во сите држави на поранешна Југославија која ќе се емитува во етерот кај северниот сосед, а ќе се реемитува кај нас.  Во екипата која ќе работи на спортските содржини што ќе се емитуваат покрај Стојановски, се неколку добропознати спортски коментаторски имиња, меѓу кои Горан Стерјов, Југослав Костовски, Игор Паневски, Дамјан Николовски, Перо Момироски, Александар Табаковски, Зоран Мишевски и други. Но, идејата е, како што вели Стојановски, да понуди шанса на заинтересирани помлади новинари, како и лица без искуство, но со желба и талент да направат коментаторска кариера. За нив, вратите во „Арена спорт Македонија“ се широко отворени.

З.Ф.

Слични вести