210
Советниците на денешната седница на Советот на општина Штип изгласаа поставување на крст висок 20 метри, кој ќе биде поставен во средината на новиот кружен тек кој ќе се гради кај АМСМ во Штип, објави ММС.
Крстот ќе биде донација од бизнис секторот и е планиран на местото на сегашните дивоградби на булеварот „Партизанска“.
Во септември би требало да биде готов, кога и кружниот тек.
На денешната седница не беше соопштен податок за вредноста на оваа донација.