Србинка се удави во близина на Тиват

by irena 22:40
22:40

Девојка од Врњачка Бања се удави денес околу 15 часот, во близина на ’ртот Весло кај Луштица, (во Црна Гора) додека се фотографирала со пријателка на една од карпите и паднала во водата, објавија црногорски „Вијести“.

Додека се фотографирала, се верува дека морето се разбранувало, а брановите ја повлекле девојката.

Полицијата и нуркачките екипи го забележале безживотното тело на девојката како плови во еден момент, но лошото време и брановите ги спречиле да се приближат.

Затоа, операцијата за извлекување ќе продолжи наутро.

Слични вести