Србинка (73) почина во Егејско Море, телото извлечено на брегот кај Касандра

by Fokus

Седумдесет и тригодишна жена, државјанка на Србија, е пронајдена мртва. Нејзиното тело е извлечено од морето кај брегот на Касандра, Грција – пишува српски „Телеграф“.

Според извештаите, жената била пронајдена во несвесна состојба. Тоа се случило во водите крај брегот на Касандра, на полуостровот Халкидики.

Инцидентот се случил вчера, околу пладне. Веднаш била повикана брза помош. Жената била итно пренесена во Здравствениот центар во Касандра.

Таму лекарите можеле само да констатираат смрт.

Според последните информации, истрагата за овој случај е во тек. Надлежните органи работат на расветлување на околностите. Најавено е дека ќе биде извршена и обдукција на телото.

Поврзани новости