Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во среда објави дека наградниот фонд на Светското првенство во 2026 година ќе изнесува 655 милиони долари (558 милиони евра), што е зголемување од 50 проценти во споредба со последното Светско првенство одржано во 2022 година во Катар.
Титулата светски шампион ја брани Аргентина, која пред три години ја победи Франција во финалето по изведувањето на пенали.
Секоја репрезентација што ќе се пласира на Светското првенство ќе добие 1,5 милиони долари (1,28 милиони евра) за трошоци за подготовка, што значи дека ФИФА ќе им исплати вкупно 727 милиони долари (619 милиони евра) на учесниците на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Кој колку ќе добие:
Шампион – 50 милиони долари (42,6 милиони евра)
Вицешампион – 33 милиони долари (28 милиони евра)
Трето место – 29 милиони долари (24 милиони евра)
Четврто место – 27 милиони долари (23 милиони евра)
Од 5-то до 8-мо место – 19 милиони долари (16 милиони евра)
Од 9-то до 16-то место – 15 милиони долари (13 милиони евра)
Од 17-то до 32-ро место – 11 милиони долари (9 милиони евра)
Од 33-то до 48-мо место – 9 милиони долари (7 милиони евра)
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, истакна дека Светското првенство во 2026 година ќе биде пресвртница во однос на финансискиот придонес кон глобалната фудбалска заедница.