166
Сообраќајна несреќа се случи на автопатот Штип – Миладиновци, во која учествуваа повеќе возила, а сообраќајот се одвива по една лента.
Според првичните информации, во судирот биле вклучени автомобили „опел“ и „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, како и две возила „сеат“ со скопски ознаки и едно „голф“.
На возилата им е причинета значителна материјална штета.
Засега нема официјални информации за состојбата на возачите и патниците.