Сончево, жешко и со слаб југоисточен ветер

by irena 07:57
07:57

Не очекува сончево и многу топло време низ целата земја. Ќе има мала до умерена локална облачност, но без значајни врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе донесе краткотрајно освежување во некои региони.

Температурите ќе се движат:

  • Минимални: од 14 до 24°C

  • Максимални: од 35 до 40°C 

Во главниот град времето ќе биде сончево, многу топло, со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 38°C. Продолжуваат високите температури – препорачуваме заштита од сонце, доволна хидратација и ограничување на активности на отворено во најжешките часови од денот (11 – 17 ч.).

Слични вести