16 пожари за 24 часа – еден сè уште активен, изгаснати 14

by irena 08:05
08:05

На ден 11/12 август 2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор.

Од нив, 1 пожар е сè уште активен – во општина Македонски Брод, во подрачјето Јасен, каде гори мешана шума. Еден пожар е под контрола, во општина Кичево (с. Челопеци – с. Миокази), додека 14 се целосно изгаснати на различни локации низ државата.

Надлежните служби се на терен и апелираат за внимателност поради високите температури и зголемениот ризик од пожари.

Слични вести