Сончево време со температури до 33 степени

by Fokus

Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак, во попладневните часови повремено ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат значително попријатни за разлика од изминатите неколку денови кога беше многу топло, и во следниот период тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени во Повардарието.

Во Скопје и околината температурата во следниот период ќе се искачува до околу 32/33 степени.

Поврзани новости