Сончево со слаб северен ветер, температурата до 19 степени

by irena 07:58
07:58

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер, а претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно и суво време со постудени утра.

Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Слични вести