Сончево и топло време со температури до 39 степени

by irena 07:55
07:55

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да надмине и 40°C. Вредноста на UV индексот ќе изнесува 9. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Институтот за јавно здравје вчера излезе со препораки за заштита на граѓаните од топлотниот бран кој е почнат од вчера.

Слични вести