Сончево и топло со температура до 39 степени Целзиусови

by irena 08:03
08:03

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 Целзиусови степени.

Синоптичарите најавуваат дека под влијание на топол бран, времето до крајот на следната седмица ќе биде сончево и многу топло.

Особено топло ќе биде од среда, кога наместа дневната температура ќе биде над 40 Целзиусови степени.

Слични вести