1
По повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, собраниски делегации ќе положат цвеќе на спомен-обележјата во Скопје, Прилеп и Куманово.
Во Скопје, церемонијата ќе се одржи во 10 часот на партизанските гробишта во Бутел.
Во Прилеп, цвеќе ќе биде положено на Могилата на непобедените, како и пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и Кузман Јосифовски-Питу, исто така во 10 часот.
Почит на загинатите борци ќе им биде оддадена и во Куманово, на Спомен-костурницата.
Со овие чествувања се одбележува 11 Октомври, денот кога во 1941 година започнало народното востание во Македонија против фашистичката окупација.