1
МВР информира дека рано утринава во 00:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.К.(25) од с. Мородвис, општина Зрновци.
Според пријавеното, синоќа околу 20:00 часот во с. Зрновци физички нападнал 13-годишен малолетник од селото.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.