Пензионер од Кочани со „томос“ на кружен тек падна на патот, заврши во болница

by irena 13:59
13:59

МВР информира дека завчера попладне во 12:40 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на кружен тек на магистрален пат Штип – Делчево, Ј.К.(77) од Кочани, управувајќи мопед „томос“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.К., констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Слични вести