Собранието утре ќе ги разгледа имињата на новите членови на Владата

by vlatko 15:31
15:31

Се очекува Собранието утре да го разгледа предлогот Азир Алиу да биде назначен за министер за здравство, додека Албрим Хоџа за заменик-министер за земјоделство.

И двата предлози беа поднесени од Владата и потпишани од премиерот Христијан Мицкоски.

Алиу е универзитетски професор и доктор по компјутерски науки. Тој беше министер за информатичко општество и администрација во текот на 2023-2024.

Доаѓа од Алијансата за Албанците, од чија структура остана дел од коалицијата ВРЕДИ и по заминувањето на Арбен Таравари и неговото преминување во опозиција.

Хоџа, пак, е дипломиран правник со работно искуство како новинар.

Слични вести